Советот на Амбасадори од 11 до 13 мај беше домаќин на делегација од Советот на американски некариерни амбасадори предводена од претседателот Антони Чорба.
Делегацијата за време на посетата имаше средби со македонскиот претседател, Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со Заменик претседателот на Владата и министер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, со лидерите на опозицициските политички партии ВМРО-ДПМНЕ и Беса, Христијан Мицковски и Билал Касами, и со Заменик шефот на Мисијата на САД во Скопје, Ерик Мејер.
За време на средбите, Пендаровски, Џафери и Маричиќ, им се заблагодарија на членовите на американските дипломатска делегација за перманентната подршка што САД ја дава од стекнување на независноста до денес и ги информираа гостите за политичките состојби во земјата и регионот, борбата против корупцијата и оганизираниот криминал, рефлексот на војната во Украина и негативните последици по економијата и за поддршката што Македонија преку ЕУ институциите и ја дава на Украина за елимирање на последиците од руската агресија, за владеењето на правото и за функционирање на демократијата.
Американските амбасадори, меѓу другото, се интересираа за ставовите во врска со предлогот за уставни измени, евроинтегративниот процес како и за суштината на бугарските барања за развојот на македонско-бугарските односи.
Двата Совета, како невладини организации чиј фокус е надворешната и меѓународната политика, се договорија за сестрана меѓусебна соработка, таму каде е можно, како на национален така и на меѓународен план.







