Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -13 до -5°C, а максималната од -3 до 5°C.
Најстудено утринава беше на Попова Шапка, каде беа измерени -15 степени Целзиусови, -13 во Берово, -12 во Крушево, -11 беше во Маврово, -9 во Битола, -8 во Охрид, -7 беа измерени во Крива Паланка, Штип, Виница, Прилеп и Претор, -6 во Демир Капија и Куманово, -5 во Струмица, -4 во Скопје и Тетово и -2 во Гевгелија и Дојран.
Висината на снежна покривка во 7 часот изнесуваше 46 сантиметри на Попова Шапка, 18 во Маврово, по 4 сантиметри во Берово и Крушево и 1 сантиметар во Крива Паланка.







