Сообраќајот на патишта низ земјава се одвиваат по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на П.Шапка, во Маврово и на планинскиот превој Стража.
На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.