Скопје, 20 јули 2020
СДСМ покажа што значи класична неработа.
За половина година не успеале да реализираат ниту една четвртина од годишно планираните капитални инвестиции.
Закочена е изградбата на гасоводите, автопатот Кичево–Охрид кој го
почна претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ и уште стои во фаза на изградба како пред 3 години, експресните патишта кои беа испланирани и проектирани одамна и до сега со ВМРО-ДПМНЕ ќе беа завршени.
Македонија со СДСМ стагнира.
Ниво на реализација од 22.51% е срамно и доказ за класична неспособност.
Половина година Македонија не се гради ништо, развојот на државата е закочен.
На Зоран Заев поважно му беше да го реализира предизборниот поткуп, наместо да се фати за работа.
СДСМ се впушти во купување на гласови, наместо на градење, и тоа ни се случува три години по ред.
Откако е СДСМ на власт нивото на реализација на капитални инвестиции за цела година е околу 60%.
СДСМ не се способни да ја придвижат државата напред и да генерираат раст и развој.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ







