Познатата актерка, Софија Вергара, изјави дека бујните гради и помогнале во кариерата, како и тоа дека поради нив од секогаш се чуствувала секси.
Како тринаесетгодишно девојче не била воодушевена од своите големи гради и вели дека тогаш мислела дека што и да облече изгледа како стриптизерка. Денес, оваа актерка која неодамна го прослави својот 46 роденден, мисли многу поинаку.
„Благодарна сум што ги имам и, искрено, многу ми помогнаа во кариерата“, вели Вергара.
Вергара како седумнаесетгодишна девојка на плажа во Колумбија ја открил тамошен локален фотограф. Набрзо потоа ја почна кариерата во својата прва реклама за американскигазиран пијалок.
И тогаш, како и сега, го привлекува вниманието каде и да се појави, а после таа почетна реклама, добила ангажман за водител на две популарни колумбиски телевизиски емисии, што и ги донесе и првите улоги.
Вергара се прослави по улогата во серијата „Модерно семејство“, во која ја глуми убавата и привлечна сопруга на славниот Ал Банди (Ед О’Нил).
Се смета за една од најплатените актерки чие богатство се проценува на 120 милиони долари.
Моментно е во брак со актерот Џо Манганијел. Од претходниот брак го има синот Маноло (25).









