Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Со доделување на наградите, премиера на „Медена земја“ и концерт на „Фолтин“ ќе биде затворен „Македокс“
Култура

Со доделување на наградите, премиера на „Медена земја“ и концерт на „Фолтин“ ќе биде затворен „Македокс“

август 28, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со доделувањето на наградите, премиерата на документарниот филм „Медена земја“ на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов и концерт на групата „Фолтин“ вечер во Куршумли-ан ќе биде затворен 10.Фестивал на креативен документарен филм
„Македокс“.

„Премиерата на „Медена земја“ е круна на македонската програма која беше прикажана во текот на годинашното издание на „Македокс“ и во чии рамки беа прикажани уште девет македонски филмови. Особено радува фактот што Друштвото на филмски работници на Македонија ден претходно донесе одлука „Медена земја“ да биде национален кандидат за Оскар во категоријата најдобар странски филм, а дополнително филмот влезе во трка и за уште една престижна награда – за најдобар
документарец на „Европските филмски награди“, што ги доделува Европската филмска академија“, се вели во соопштението од „Македокс“.

По светската премиера во јануари, на 38. Фестивал на независни филмови „Санденс“ каде ги освои трите главни награди, филмот со фантастичен успех е прикажан и на повеќе светски фестивали, а публиката го очекува и во македонските кино-сали.

На „Македокс“ филмот ќе има две проекции – во Куршумли-ан и во киното „Фросина“, во 22.30 часот во МКЦ.

По проекцијата во Куршумли-ан ќе следува концерт на групата „Фолтин“.

Пред премиерата на „Медена земја“ ќе бидат доделени фестивалските награди во пет категории: „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Наградата за етички идеи. На разговорите „Под смоквата“ во Куршумли-ан во 18 часот ќе учествуваат членовите на комисиите кои ги донесоа одлуките за најдобрите филмови на 10. „Македокс“.

Главна тема на фестивалот годинава беше филмската копродукција како алатка за создавање културни врски меѓу државите и градење мостови на соработка меѓу уметниците.

Тоа беа причините на „Македокс“ да бидат поканети гости од регионот и заедно со Хеле Хансен, комесар од Норвешкиот филмски институт, Лиза Ниед од „Скане“ (Шведска) и Сорен Тарп од Данскиот филмски институт, да учествуваат на форумот
„MakeCoProDox“, што се одржа од 25 до 27 август во МКЦ.

Форумот е поддржан од Канцеларијата на Креативна Европа – Медиа Деск МК во Скопје и Агенцијата за филм.

Во Младинскиот културен центар синоќа се одржа премиерата на четвртиот краток документарен филм што оваа година произлезе од школата „Докуникулци“, а во продукција на „Македокс“.

Документарецот „Лог Аут“ на Рамона (Моња) Кочишка привлече бројна и разновидна
публика.

Документарецот на многу аналитичен начин го портретира ликот на нејзиниот татко – Логин Кочишки.

На фестивалот премиерно беа прикажани и кратките филмови „Низ објективот на копнежот“ на Розе Симоновска, „Скопска ситуација ’18“ на Анастасија Павловска и „Палец горе“ на Марија Матеска.

Јубилејното издание на „МакеДокс“ е поддржано од Агенцијата за филм, Креативна Европа – МЕДИА, Националната фондација за демократија од Вашингтон (НЕД), Институтот „Јунус Емре“, Музејот на Република Северна Македонија, Археолошкиот музеј, Националната галерија, МНТ, Гетеинститутот, Францускиот институт во Скопје, Швајцарската, Италијанска, Чешката о Словенечката амбасада, Чешкиот центар Софија, Град Скопје, Current Time TV.

Партнери на „МакеДокс“ се „Петра Пан“, „Кино Култура“, МКЦ и Кинотека.

„МакеДокс“ концерт медена земја награди премиера Фолтин
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Бугарија победи на Евросонг 2026

мај 18, 2026

Почнува јубилејниот 70. Евросонг

мај 13, 2026

Објавени пробите за настапите на „Евровизија“

мај 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.