Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Со свој камен по своја глава!
Коментар

Со свој камен по своја глава!

мај 29, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Мерсел Биљали

Во индискиот град Бангарх во државата Раџастан се наоѓа древната тврдина Балнат, напуштена пред векови. Се мисли дека таму ехотО на човечкиот глас преку ден се претворува во лоша енергија преку  ноќ, и може да убие! Многу здрави луѓе таму умреле на мистериозен начин. За таква мистерија сеуште нема логично објаснување. Властите строго го имаат забрането влезот во замокот по зајдисонцето и пред изгрејсонцето! Се смета дека таму во последните три века умреле илјадници луѓе. Околните села сите се празни.

И кај нас од лошата енергија емитувана преку ден, утредента се исселени стотина безнадежни млади. Тaква клетва тука функционира цели 34 години, со што исчезнале осумстотина илјада млади. Празни села и градови се повеќе наликуваат на амбиент на лоши духови, oти треторазредни политичари наместо живот им нуделе тест за издржливост. Во државава во секоја петта куќа свети понекое светло, а наоколу само мрак. А ние при секои избори продолжуваме да веруваме во лажното, а тоа е полошо отколку да верувате во невозможното. Се жртвува животот на сегашни млади во чест на мртви предци. Копајќи по историјата ја поткопивме иднината. Такви аномалии благословот го претворуваат во проклетство. Касно ќе сфатиме дека општото добро се состои во среќата на сите поединци.

Пред некој ден, Елизабет Ален – важна личност во Стејт департментот, без дипломатски ракавици ни пренесе дека патот кон пеколот може да биде убав, но сепак води кон пеколот. Таа кажа: „Ние го поддржуваме Преспанскиот договор и бевме разочарани кога видовме дека претседателката не го користи формалното име. Ги охрабруваме, лидерите на Северна Македонија да се придржуваат кон меѓународните договори“! Американците и Европејците се многу добро упатени во нашата практика, лажно да се колнеме во владеењето на правото, а веднаш по да ја прегазиме. Прописите или се почитуваат или се прекршуваат, и тука импровизација нема. Вртењето околу чл.19 од Спогодбата од Преспа што се однесува на решавање на спорови меѓу двете држави е плитка замисла. Таа постапка е повеќестепена и многу долга, а меѓувреме ќе треба да трпиме целосна блокада. И на крајот пак како повеќекратни губитници. И по Меѓународниот суд на правдата умот не ни доаѓа! Ако се повторува иста грешка, тоа веќе не е грешка туку свесна одлука.

Трезвени луѓе гледаа спас во внесувањето на Бугарите во Уставот, aма пијаните за власт не гледаат со иста диоптрија. Наместо да ги отстрануваат последените пречки, тие поставуваат нови трупци на патот кон Брисел. Кон Грците се чепкаат стари рани за да крвараат свежо! Такoв „патриотизам“ или e лажен или e глуп. Или пак двете заедно. Паметниот знае дека мајката не се прегрнува силно, оти можете да ја задушите а глупвиот тоа го прави. Наместо да се реши проблемот со Бугарија, се реактивира тој веќе решен со Грција! Ајнштајн со право вели дека селената има граница, за разлика од глупоста! Тука коалицијата „Влен“ е тотално глувонема. Пола збор не смее да каже. Дури го афирмира вмрвскиот абсурд за „одложено дејство“ на уставните измени. Но и тука според нив треба да се почека до смирувањето на емоциите кај вмровските гласачи! Откако врбата ќе роди грозје!

Пред врбата и грозјето стои ептен збунета експертката по владеењето на правото – претседателката Сиљановска. Таа пред цел свет покажа дека договорите ич не се дел од правниот поредок! Дека усното е помалку важно од пишаното. И сега мора немо да почитуваме договори за да не оштетиме домашни уши! Едни луѓе, освен уши имаат и очи, па брзо уочиле како кај едни претседателски приемни простории исчезнале знамињата на НАТО и ЕУ!

Омраза кон содавачите на Република Македонија!

Сите знаат дека во ептен турбулентно време, американците ја создадоа Република Македонија. И цело време ја штителе. А сега дрвја и камења кон таа велесила како зафалност. Мицковски вака се заблагодари: „Кога станува збор за меѓународната политика, никогаш нема да не видите како клечеме или омаловажуваме. Во изминатите години имав можност да се сретнам со светски власти од Вашингтон до Брисел и Берлин. Нема ништо поинспиративно за мене од македонскиот народ и држава“. Појасно здравје. На нормален превод тоа значи кој ги ферма нив! За познатиот политиколог Јануш Бугајски, таков начин на комуникација директно ги поткопува темелите на најслабата држава на Балканот. Таа се охрабрува да влезе во конфликт со најмалку три соседни држави членки на НАТО и две на ЕУ. Дека такво нешто може да одговара само на експанзионистичките амбиции на Србија, која веројатно би претендирала на голем дел од ова слаба држава која долги години продава лилипутска мегаломанија.

Самоволниот избор на Мицковски на албанските коалициските партнери, најверојатно ќе вроди со дополнителна уставни барања како принципиелни механизми за учество во власта. Македоније е меѓу ретките мултиетнички земји во Европа што има унитарен карактер. Дали ќе се инсистира на тнр. територијална или нетериторијална федерализм е прашање опортунитет!  Но, секако дека сите светски познавачи се на мнение дека вакако како што е, таа само може да си ја троши енергија во потрага на саморегулацијата, отколку на развој.

Албанија ќе се одлепи од Севрена Македонија!

Цената за ваквите наши глупости со години ја плаќа и Албанија. Таа е колатерална штета на овдешните историски и географски неизлечливи комплекси. Овие две држави не се сијамски близначки за да не можат да се издвојат без длабок хируршки зафат. И таа самата има бројни проблеми со Грција ама не ги проблематизира до лудило. Меѓу Албанија и Грција сеуште е на сила воениот закон, но тој не е пречка за да рзвијат пријателски односи. Го имаат проблемот со Чамите, со црквата, со териториијалното море, со емигрантите, ама се си решаваат нормално. Последното е пред Судот за правото на морето со седиште во Хамбург, па како тие ќе го рашаваат така ќе се однесат двете земји. А не вака! Да се однесеа како нас средни и големите држави, секој месец ќе имавме светски војни.

Додик и Сребреница

Додека Македонија се дави во проблеми што самата ги создава, регионот врие. Претседателот на Република Српска Милорад Додик се закани дека штом биде усвоена Резолуцијата против геноцидот тоа ќе значи крај на БиХ, а по усвојувањето на истата тој најави дека во следните 30 дена ќе биде предложен договор за мирно разграничување. Одговорот го доби директно од САД, дека ако Додик прогласи сецесија, тоа ќе биде крај на Република Српска.

Додик држи блиски односи со радикални руски сили, бидејќи единствено таму гледа спас за себе и своето нелегално богатство. А Вучиќ знае да глуми заложник на таквата радикализација. Хрватска политичарка Весна Пусиќ вели дека „ова е незавршен мир од претходна југословенска војна“. Војната донесе второразредни политичари и тука нема веќе никаков простор за паметни политичари. Паметноста брзо се дави во морето на негативна селекција.

Целиот процес на дестабилизација на Балканот е координиран од Москва, а целта не е љубовта кон Србија, туку создавање позицијата vis-a-vis Грузија, Украина и Молдавија. Во спротивната страна, со цел спречување на војната сe САД и Обединетото Кралство, потпомогнати со Германија, Франција и Холандија, подготвени да одговорат и на безбедносните закани од Белград. Тие се грижат за безбедноста на БиХ, на Балканот и на целата Европската Унија, потпирајќи се на мисијата АЛТЕА за одржување на мирот и безбедноста во земјата. Но, сепак процесот на донесување одлуки во ЕУ е бавно и тие често се заложници на земји како Унгарија која во моментов раководи со АЛТЕА.

Деновиве САД и НАТО силно го предупредија Русија дека користи дезинформации, сајбер напади и други злобни тактики за да го „дестабилизира“ Западен Балкан. Тука БиХ е најслаба точка. Три децении откако војната ја опустоши таа земја, Србија со поддршка на Москва настојува да ги разгорува етничките тензии, загрозувајќи ја европската безбедност.

Русија, уште во 2015 година го блокираше усвојувањето на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Сребреница со која се осудуваше геноцидот во јули 1995 година. Тааа беше предложена од Велика Британија и поддржана од САД и земји од ЕУ. Вучиќ, чија моќ е видно ослабено, посакува моќта да ја поврати со пазарење со Западот, вршејќи наводно притисок кон Додик и позиционирајќи се себеси како миротворец. Русија лобираше против усвојувањето на резолуцијата, но не до тој степен што беше случај пред девет години, свесна за фактот дека Русија денес ја нема поддршката што ја имаше некогаш.

Како и да е, честитки за победата Мицковски не добил од нормалниот свет, освен од Орбан и Вучиќ. Тоа воопшто не е добар знак. Тоа е порака дека е погрешно да се бара среќата таму каде што многу други ја загубиле. Најмалку некој има право од Македонија да прави Нова Каледонија. Ниту тогаш кога победува илузијата над интелегенцијата.

мерсел биљали
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Даниловски: Случајот во Гостивар не смее да се сведе само на вина на поединци

јули 21, 2026

Пановски: Да се знаат резултатите за водата во Гостивар и да се молчи е кривично дело

јули 21, 2026

Хамнеи, мртов е поопасен!

март 2, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.