Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски во посета на македонската амбасада во Словенија
Македонија

Спасовски во посета на македонската амбасада во Словенија

декември 3, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на покана на амбасадорката Сузана Зеленковска ја посети нашата амбасада во Република Словенија, каде што се запозна со работата на базната станица за мобилно издавање и достава на патни исправи за македонските државјани.

Спасовски од Зеленковска бил информиран дека базната станица е во функција од 27 септември годинава и досега за пасоши се фотографирани 249 лица. До амбасадата се доставени 187 изработени патни исправи, 137 се веќе издадени, а 62 се во обработка во МВР.

„Како одговор на барањата на граѓаните, во соработка со МНР, првпат во нашите дипломатско-конзуларни претставништва обезбедивме опрема со која се олеснува и скратува постапката за изработка и подигнување на патните исправи. Во август оваа година беа промовирани деветте базни и четирите мобилни станици, поставени во земјите каде што е сконцентрирана нашата дијаспора, со што како резултат на заедничките напори со МНР, го решивме деценискиот проблем на нашите граѓани кои живеат и работат во странство, олеснувајќи ја и скратувајќи ја досегашната постапка која просечно траеше четири до пет месеци, а во некои случаи знаеше да се одолговлечи и над шест месеци“, напиша Спасовски на својот Фејсбук профил.

Со поставувањето на базните станици и нивното пуштање во употреба, посочува, гужвите на шалтерите на Управните служби за време на летните месеци ќе бидат намалени, бидејќи, вели, услугата ја направивме достапна во нашите дипломатско-конзуларни претставништва, каде што се примаат и процесуираат барања на дневна основа, со проверка на податоците во реално време, при што се добива патна исправа во временски рок од две до три недели.

„Го слушаме гласот на граѓаните, продолжуваме да ги подобруваме условите и за нашите државјани во странство – овозможуваме навремен, ефикасен и економичен одговор на нивните потреби и брзо и непречено остварување на нивните права“, стои меѓу другото, во објавата на Спасовски.

 

 

 

(Извор: МИА)

актуелно амбасада Оливер Спасовски словенија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.