Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски: Говорот на омраза ја урива суштината на демократските принципи
Во Фокусот

Спасовски: Говорот на омраза ја урива суштината на демократските принципи

септември 5, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Насилнот екстремизам како глобален проблем, поврзан со релативно поновиот феномен, говорот на омраза, неговото интензивирање пред претстојниот референдум, како и решенијата на проблемот, беа тема на денешната дискусија меѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, претставниците на граѓанската асоцијација „Цивил“ и националниот кооридинатор за борба против насилниот екстремизам Борче Петровски.

„Разговаравме и за престојното граѓанско референдумско изјаснување и важноста за обезбедување на спокоен, цивилизиран амбиент, ослободен од секаков облик на закани или омраза, што би можеле да реперкуираат со последици по правото и слободаната волја на секој наш граѓанин при претстојното изјаснувањ – нагласи Спасовски.

Тој наведе дека тоа претставува уште еден доказ за нивната решеност заеднички со граѓаните да дејствуваат, како превентивно, така и на креирање на идеи, концепти и програми кои ќе доведат до пооптимални решенија за сите горливи проблеми во македонското општество.

Џабир Дерала, претседател на „Цивил“ истакна дека на говорот на омраза не смее да се возврати со говор на омраза во ниту еден случај, а уште помалку со насилство.

„Ние би сакале да истакнеме три препораки кои се навистина важни. Прво, мултидисциплинарниот приод кон насилниот екстремизам, како најдобро решение за борба против него.  Втората препорака е дека јакнањето на јавната свест и граѓанската едукација треба да стане дел од нашето секојдневие бидејќи во она што се нарекува говор на омраза може да се кријат потенцијали за навистина страотни настани, страотни инциденти кои можат да однесат човечки животи – потенцираше Дерала.

Тој упати апел тоа да стане дел од секојдневието, почнувајќи од денеска.

Побара граѓаните да се воздржат од говор на омраза, бидејќи тоа може да доведе до натамошни проблеми и опструкција на фундаменталното право, правото на глас.

„Говорот на омразата и заканите против луѓето кои сакаат слободно да се изразат на референдумскиот процес се навистина сериозна опструкција на демократскиот процес, се кривично дело и се неприфатливи – рече Дерала.

Тој го повика Основното јавно обвинителство да постапи во сите случаи во кои ќе се забележи говор на омраза, а особено за заплашување и насилство против ониe кои сакаат слободно да се изразат на референдумот, како што истакна, „за“ или „против“ не е важно.

Спасовски и Дерала заклучија дека МВР и „Цивил“ имаат одлична соработка, што во иднина ќе се продлабочува.

актуелно говор дерала омраза Спасовски ЦИВИЛ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.