Полицијата во денешно време не апси функционери на ВМРО-ДПМНЕ, туку криминалци, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во своето обраќање пред пратениците во Собранието, додека траеше точката на дневен ред за негова интерпелација, поднесена од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.
„Како прво, не апси МВР, туку обвинителството. А и кога апсиме, тоа не се функционери, туку криминалци на ВМРО-ДПМНЕ“ истакна Спасовски, одговарајќи на коментарите дека се прикриваат убиства.







