Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Германците ги избраа најдобрите автомобили за 2026 година

ноември 20, 2026

3 хороскопски знаци со кои е најтешко да се биде во врска: Тие имаат страв од обврзување и ја обожаваат својата слобода

ноември 20, 2026

УХМР со ново метео предупредување, невреме со силен ветер и врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта и утре претпладне

ноември 20, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Германците ги избраа најдобрите автомобили за 2026 година
  • 3 хороскопски знаци со кои е најтешко да се биде во врска: Тие имаат страв од обврзување и ја обожаваат својата слобода
  • УХМР со ново метео предупредување, невреме со силен ветер и врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта и утре претпладне
  • Црна Гора затвори уште две поглавја во преговорите со ЕУ
  • Макрон бара преиспитување на влезот на Украина во НАТО, Мерц е подготвен за разговори со Путин
  • Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд
  • Овие хороскопски знаци ќе ги решат финансиски проблеми
  • Инстант лоз „Фрути“ – овошен спектар со сладок вкус на добивки
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Спасовски: Борбата против трговијата со луѓе и криумчарење мигранти ни е приоритет
Македонија

Спасовски: Борбата против трговијата со луѓе и криумчарење мигранти ни е приоритет

јуни 29, 2023Updated:јуни 29, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Денеска, во Клубот на пратеници, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како домаќин го отвори Министерскиот форум на Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција (МАРРИ), во име на Претседателството на Република Северна Македонија со оваа Иницијатива, а по повод завршувањето на претседавањето на државата со МАРРИ.

На Министерскиот форум учество земаа министри и високи претставници од земјите од регионот – Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, како и претставници на меѓународните организации Меѓународната организација за миграции (ИОМ), Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Високиот комесаријат на ООН за бегалци (УНХЦР) и Германското здружение за меѓународна соработка (ГИЗ).

„Денеска завршува претседавањето на Република Северна Македонија со Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција – претседателство кое започна во периодот на олабавување на рестриктивните мерки предизвикани од пандемијата со вирусот Ковид 19 и кога полека, повторно започнавме со средби со физичко присуство, овозможувајќи им на професионалците од службите надлежни за прашања од областите во надлежност на МАРРИ да се видат и лично да разменат искуства во врска со нивното работење.

Под такви услови, во рамки на нашето претседавање со МАРРИ, реализирани се вкупно 28 настани на кои учествуваа голем број припадници на администрациите и членови од партнерски, но и од невладини  организации, а токму тоа е идејата за која ние се залагавме и ја преточивме во пракса, особено кога станува збор за борбата против трговијата со луѓе и криумчарење на мигранти”, рече министерот Спасовски, додавајќи дека Македонија вложи максимални напори за продолжување на процесот на реформа во МАРРИ и во текот на на претседавањто одржани се повеќе состаноци со цел усогласување на документите кои произлегоа од работата на работната група формирана за потребите на овој процес.

Изразувајќи го личното задоволство од претседавањето со МАРРИ, министерот Спасовски го потенцираше успехот од склучување нови партнерства со релевантни организации, и од продлабочување на претходно воспоставената соработка со сродните субјекти, како што се Меѓународната организација за миграција – ИОМ, Меѓународниот центар за развој на миграциски политики – ИЦМПД, Европската гранична и крајбрежна агенција – Фронтекс.

Министерот Спасовски во своето обраќање истакна дека Република Северна Македонија како домаќин на МАРРИ Регионалниот Центар имаше дополнителна одговорност кон негово подобро функционирање преку исполнување на обврските преземени со актите кои ги регулираат активностите и целите на Иницијативата.

„Успешен и силен Центар, значи поголема поддршка за нашите администрации, па затоа секогаш посветуваме посебно внимание на кандидатите кои ги номинираме за позицијата директор. Досегашниот директор на Центарот е професионалец со долгогодишна кариера и искуство во сферата на граничното работење и раководење со големи проекти, а неговото знаење придонесе за продолжување на процесот за јакнење на Регионалниот Центар.

Од овие причини би сакал да му се заблагодарам на досегашниот директор Сашко Коцев, а имајќи предвид дека во меѓувреме стана пензионер, му посакувам убави пензионерски денови и се надевам дека ќе најде време стекнатото професионално искуство да го пренесе на помладите колеги”, рече министерот Спасовски.

актуелно луѓе марри Спасовски трговија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Германците ги избраа најдобрите автомобили за 2026 година

ноември 20, 2026

3 хороскопски знаци со кои е најтешко да се биде во врска: Тие имаат страв од обврзување и ја обожаваат својата слобода

ноември 20, 2026

УХМР со ново метео предупредување, невреме со силен ветер и врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта и утре претпладне

ноември 20, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.