Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Средба Заев-Радев: Договорот за добрососедство ја зголеми трговската размена
Македонија

Средба Заев-Радев: Договорот за добрососедство ја зголеми трговската размена

февруари 16, 2018Updated:февруари 17, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска имаше работен ручек со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

Заеднички е оценето дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка отвори нови перспективи на соработка меѓу двете држави.

Премиерот Заев и претседателот на Република Бугарија, Радев ја потврдија посветеноста на двете држави за унапредување на економските односи и за зголемување на трговијата. А посебно внимание е посветено на изградбата на инфраструктурата на Коридорот 8, како и на проектите значајни за енергетска поврзаност меѓу двете земји.

Претседателот на Бугарија, Радев, на работниот ручек пренесе дека Република Бугарија силно ја поддржува Република Македонија во интеграциите кон ЕУ и НАТО.

Во изјавата за медиумите тој го посочи визионерството и лидерството што го покажа премиерот Заев, како отворена можност за развој на целиот Западен Балкан.

Премиерот Заев се заблагодари за пријателските односи со Бугарија коишто се пример дека ако се има политичка волја, може да се решат важни прашања за граѓаните.

Тој во изјавата за медиумите се заблагодари на претседателот на Бугарија, Радев за неговиот придонес во постигнатиот договор меѓу двете земји, којшто, како што рече премиерот Заев, ги носи првите добри резултати.

„Секој министер од Владата на Македонија беше веќе во Бугарија, овде се воспоставија секаков вид на договори за соработки, почна и техничката документација за гасоводната мрежа Петрич Струмица, зголемен е преносот на енергија од Бугарија кон Македонија, веќе зборуваме за патната инфраструктура на новиот граничен премин Клепало. Истовремено се потпишани многу договори, очекуваме март – април да паднат цените на роамингот помеѓу двете земји, ги користиме лабораториите на Бугарија, споделуваме искуства, Министерството за одбрана со сите свои обуки и центри, што ги даваат на нашата Армија и на полицијата, но она што е најзначајно, обемот на трговијата е веќе преку 10 – 12 проценти зголемен, имаме заеднички музички групи, заеднички театарски претстави… Сето тоа покажува дека Договорот носи само добро за двете земји и за граѓаните на двете држави“, рече меѓу другото во изјавата премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев изрази надеж за отворање на преговорите на Македонија со ЕУ за време на претседавањето на Бугарија со Европската унија, со оглед дека нашата држава е силно посветена на реформските процеси и добрососедските односи со сите држави, што стоеше како пречка на евро-интеграцискиот пат.

На работниот ручек на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, позитивно е оценета улогата на Република Бугарија во промоцијата на Балканот, за време на претседавањето на Бугарија со ЕУ.

Тие двајцата оценија дека денешната средба е потврда на пријателството што и понатаму се развива и надоградува меѓу двете држави.

актуелно армија бугарија Влада на РМ ЕУ македонија НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.