Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Џафери оствари средба со колешката од Латвија
Македонија

Џафери оствари средба со колешката од Латвија

јуни 19, 2017Updated:јуни 20, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, денеска во рамки на 8. Меѓународен безбедносен форум во Рига, оствари официјална средба со Инара Мурниеце, спикер на Парламентот на Република Латвија.

На средбата била изразена благодарност за силната и конкретна поддршка што Република Латвија ја дава на Република Македонија на планот на европската и евроатланската интеграција.

Како мошне позитивен импулс во тој контекст била спомената заедничката изјава за отворање на пристапните преговори на Европската унија со Република Македонија, усвоена од страна на претставници на комисиите за европски прашања на парламентите на Латвија, Литванија и Естонија во 2012 г.

Со таа изјава се промовираше концептот на паралелно решавање на спорот околу прашањето на името и започнување на пристапни преговори, концепт кој потоа беше поддржан од многу земји членки на Европската Унија.

Мурниеце му упатила честитки за изборот на функцијата претседател на Собранието на Република Македонија и истовремено го честитала изборот на новата Влада, како прв чекор кон стабилизација на политичката состојба во државата по немилите настани од 27 април, кои ги осуди како напад врз демократијата.

Таа истакнала дека Република Латвија и натаму ќе остане силен поддржувач на европската и евроатлантската интеграција на Република Македонија, бидејќи стабилноста на Западен Балкан зависи од неговата целосна европска интеграција. Со тоа ќе се создадат цврсти основи за елиминирање на сите негативни меѓународни влијанија во регионален безбедносен контекст.

Соговорниците споделиле заемни уверувања и очекувања дека цврсто воспоставената билатерална соработка меѓу Собранието на Република Македонија и Парламентот на Република Латвија на ниво на пратенички групи за соработка ќе продолжи и во иднина со несмалено темпо, со што пратениците од двата парламента ќе имаат можност одблиску да разменуваат мислења и искуства од парламентарното работење, меѓународната политика и други актуелни прашања.

Собранието на Република Македонија и Парламентот на Република Латвија, заедно со Унгарскиот парламент, пред неколку години имаа успешен ИПА Проект, чиј проектен тим беше предводен од ескпертка од Република Латвија, при што преку серија на семинари, поблиску го доближија процесот на пристапувањето кон ЕУ до службениците во Собранието на Република Македонија, знаењата и практичните искуства што ги стекнале на патот за членство кон ЕУ, особено предизвиците при спроведување на потребните реформи кои се бараат од парламентите на земјите кандидати за членство во Европската Унија.

актуелно латвија македонија Собрание на РМ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.