Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Стевче Алушовски е назначен за нов тренер на Еурофарм работник.
Во реализацијата на своите зацртани цели, СЕХА-лига за наредна сезона, финале на Куп на Македонија и достојно претставување во преостанатите натпревари од групната фаза на ЕХФ-купот, Еурофарм работник продолжува со нов шеф на стручниот штаб, е објавено на клупскиот фејсбук-профил.
„Тоа е Стевче Алушовски. Во име на клубот го изразуваме нашето огромно задоволство што битолската ракометна легенда седнува на тренерското столче на нашиот клуб. Убедени сме дека неговото знаење, искуство, професионалност и посветеност на работата ќе придонесат за остварување на нашите цели и прогресот на нашиот клуб“, велат од РК Работник.
Алушовски на тренерската позиција доаѓа на местото на српскиот стручњак Ѓорѓе Чирковиќ, со кого вчера беше спогодбено раскинат договорот за соработка







