Судот за човекови права во Стразбур, пресудил во корист на Велија Рамковски и неговата ќерка Емел Рамковска, кои поднесоа тужби до судот за критериумите по кои бил одреден притворот и за должината на притворот во „Пајажина“.
Судот утврди повреда на член 5, став 3 од конвенцијата. Ова значи дека македонските судии не ги зеле предвид објективните критериуми при определување на притворот, туку донеле одлука за притвор без да дадат конкретни аргументи по ниту една од трите точки: опасност од бегство, повторување на делото или влијание врз сведоци – кои можат да бидат причини за определување на притворот.
Велија Рамковски кој беше и сопственик на телевизијата „А1“ беше во притвор една година и два месеци.
Во „Пајажина“ беа обвинети 23 управители и основачи на фирми за затајување на данок, перење на пари и злосторничко здружување.







