Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Странските инвеститори многу малку користат услуги од домашните фирми (ПВТ)
Економија

Странските инвеститори многу малку користат услуги од домашните фирми (ПВТ)

ноември 27, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со стратегија ќе се утврдуваат услугите и производите кои им се потребни на инвеститорите во Македонија во наредните пет до 10 години за да се зголеми учеството на домашните фирми како нивни добавувачи. Дополнително тоа треба да придонесе за зголемување на извозот и на нови вработувања

Потребите на инвеститорите, независно дали се домашни или странски,  ќе се анализираат на билатерални средби и бизнис форум в четврток, на иницијатива на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, со поддршка на Владата.

Анализите на Советот покажале дека странските инвеститори во Македонија, особено во технолошко индустриските развојни зони, многу малку ги користат услугите и производите на домашните компании. Кај инвеститорите има желба за тоа, но, како што вели Ирена Јакимовска, член на Советот на странски инвеститори,  сакаат да набавуваат стоки и услуги под одредени стандарди на квалитет и спецификации за да може да ги пласираат на европските пазари.

„Позитивната страна за странските инвститори е тоа што услугите и производите ќе може  да ги набавуваат од непосредна близина, под потребни стандарди и услови и ќе ги  избегнат царинските и други процедури за одложено доаѓање стока или нејзино чување  во големи количини.

„Домашните потенцијални инвеститори пак ќе ги постигнат стандардите на процесот на производство или сервисирање услуги кои се потребни за да може да бидат специфицирани за да ги доставуваат стоките и услугите на европскиот пазар, рече денеска на прес-конференција Јакимовска.

Наведувајќи пример, рече дека ЕВН Македонија која увезува големо количество кабли, би можело да го набавува тој производ по многу поповолни цени  од македонскиот пазар доколку се обнови процесот на производство во поранешната фабрика за кабли во Неготино. Но, потенцира,  предуслов е нивниот стандард на  производство да ги достигне условите и спецификациите под кои работат  компаниите.

„За да може да се направат  такви компании кои ќе бидат иновативни и ќе ги следат потребите на странските инвеститори, дали во услуги или во производи, пред се, треба да биде поддржано од Владата во однос на субвенционирање на иновативните идеи, банкарскиот сектор да биде пофлексибилен за надградба и финансиско дополнување на тие потенцијали и пред се, постојан раст на човечкиот капитал и надградба на работните способности, рече Јакимовска.

Тие се трите клучни точки,  дополни, што мора да ги постигнеме за да може домашниот пазар да ги опслужува странските инвеститори кои учествуваат со над 40 проценти во целокупниот извоз на државата.

Според Јакимовска, позитивен показател е тоа што минатата година е зголемено учеството на домашните услуги и производи колку што се вкалкулирани во целокупниот процес на извозот од ТИРЗ.

Во прилепски „Комфи ангел“, фирмата што ја управува, како што рече, во 2016 година 33 проценти од вкупниот импакт на процесот е од домашни услуги и стоки. Тоа е многу повеќе од претходните две години, кога изнесувапе 45 проценти, што значи дека има иднина и тука треба да се фокусираме, дополни Јакимовска.

актуелно Влада на РМ ЕВН македонија Стопанска комора тирз
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.