Најмалку 34 лица загинаа, а 12 се повредени во судар на автобус и автомобил што денеска се случи во Алжир, соопшти алжирската противпожарна служба.
Несреќата се случила околу 4 часот по локално време во градот Таманрасет, на околу 1.500 километри јужно од главниот град на Алжир.
После судирот избувнал пожар при што изгореле 34 лица, се наведува во соопштението.
Сообраќајните несреќи со фатални последици се чести во Алжир.
Минатата година, според официјални извори, во сообраќајќи загинале 907 лица.
(Фото: Твитер)







