Судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска за предметот на СЈО „Тенк“ е одложено за 29 август, бидејќи таа е на породолно боледување.
Судијката Кацарска на претходното рочиште закажа 2o-тина нови рочишта до октомври годинава. На Јанкулоска и се суди во раздвоена постапка во предметот „Тенк“, бидејќи имаше ризична бременост.
За истиов случај поранешниот помошник – министер во МВР, Ѓоко Поповски, беше осуден на шест години и шест месеци затвор, а како поттикнувач за извршување на делото, поранешниот премиер, Никола Груевски, доби две години затвор.
АЛСАТ М







