Претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, има криминално досие, тврди интернет порталот А1он.
Во полицијата бил евидентиран за учество во неколку кражби, за одземени решоа, радио-касетофони, магнетофони и грамофон, а „поминува“ и за насилство.
Од А1он, велат, поседуваат материјали за бурното минато на судијата Панчевски.
Во мај, 1989 година, на 24-ти и 26-ти, сегашниот претседател на кривичниот суд со уште две лица извршиле две провални кражби во објекти, а пак на 27-ми од автомобил украле радио-касетофон.
Во јули и август 1989 година Панчевски со други две лица извршил серија тешки кражби.
Според информациите со кои располага А1он, Владимир Панчевски последното дело го сторил на 1 ноември 2005 година кога извршил „насилство“ врз жена, врз извесна Н.В. од Скопје.







