Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
  • Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
  • Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
  • „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
  • ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
  • Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
  • ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
  • Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Судот во Солун утре ќе одлучи за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски
Судски процеси

Судот во Солун утре ќе одлучи за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски

декември 19, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во Солун утре во 10 часот по грчко време треба да продолжи судењето за барањето за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, откако минатата недела беше прекинато поради истекот на временскиот период предвиден за рочиштето.

„На судењето ќе бидат доставени документи од одбраната во поглед на тоа дека барањето за екстрадиција е неосновано, а дали ќе бидат сослушани уште сведоци не знам, изјави за МИА адвокатот на обвинетите,  Петар Василев.

Утре, како што рече, треба да биде донесена и одлуката и според грчките закони таа се објавува веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа.

„Ние очекуваме судот да го одбие барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошковски, рече Василев.

За екстрадиции во Грција, одлучува совет, најчесто во тричлен состав, двајца судии и еден обвинител, на јавно рочиште, освен ако не биде доставено специјално барање, сослушувањето да се одржи зад затворени врати. Токму таков беше случајот со поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање. Едниот од адвокатите на минатото рочиште побара судењето да биде затворено за јавноста, поради заштита на лицата за кои се бара екстрадиција.

Адвокатот Костас Хаѕијоану ова барање го поткрепил со тврдењето дека Грујевски и Бошковски во Македонија се изложени на ризик од закани и прогон.

Откако на 29 ноември беше одложено првото рочиште за екстрадицијата, по испратеното барање и документацијата од македонска страна, на 13 декември во улога на прв сведок, советот на судии го сослуша исказот на адвокатот на обвинетите,  Петар Василев.

Освен за екстрадицијата, Грујевски и Бошковски имаат уште два други процеса во Грција, независни еден од друг. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром. Судењето по три одложувања ќе се одржи на 17 мај следната година. Другиот случај е по поднесеното барање за азил на 29 ноември.

Грујевски и Бошковски во меѓувреме остануваат во притвор во близина на Солун.

Грујевски и Бошковски, кои се обвинети од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“, беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври годинава, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.

актуелно будимпешта Грција македонија миа Пасоши рочиште солун
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата

ноември 24, 2026

Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец

ноември 24, 2026

Утре и задутре минусни температури, за викендот снег

ноември 24, 2026
Калинката носи среќа Лото 7 и Џокер Мега Милионер Ford Focus & Kuga Titanium Макси Златна Рипка Златна Треска
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.