Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција во Основниот суд Скопје 1 – Скопје го одби барањето на поранешниот премиер Никола Груевски да му биде вратен пасошот.
Груевски и понатака останува без пасош и има забрана за издавање на нова патна исправа за преминување на државната граница и привремено одземање на дипломатскиот пасош.
Решението, како што соопштуваат од Судот, било донесено на затворена седница, а против ова решени странките имаат право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд – Скопје.
Освен Груевски, пасошите си ги бараа и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков и неговиот шеф на кабинет, Тони јакимовски.
СЈО бараше приотвор за Груевски за случајот Титаник, но судот му одреди мерки за претпазливост. Мијалков и груевски се првообвинети во случајот „Таргет – Тврдина“.







