Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков пред Апелација побара да му се врати пасошот и вети дека уредно ќе се појавува на суд, а Специјалното јавно обвинителство побара да се уважи нивното барање за притвор.
Двете страни ја обжалија одлуката на Кривичниот суд за одземање пасош.
Мијалков е обвинет за три кривични дела во случајот „Тврдина“ и „Таргет“. Обвинителката Ленче Ристоска, рече дека постои опасност од бегство бидејќи обвинетиот поседува стан во странство, поточно во Прага, Чешка.
Одбраната на Мијалков, адвокатот Љупчо Шврговски тврдеше дека СЈО ги изместува податоците на Мијалков и не постои опасност од бегство.
Одбараната дополни дека неосновано е барањето за притвор, зошто Мијалков најбргу кога можел одговарал на повиците на СЈО.
Обвинителот Трајче Пеливанов рече дека имаат отежната комуникација со обвинетиот, бидејќи имаат негова неточна адреса.







