Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ТАВ: ТУИ ќе почне со летови Ајндховен-Охрид во 2018 година
Економија

ТАВ: ТУИ ќе почне со летови Ајндховен-Охрид во 2018 година

декември 26, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Холандскиот тур-оператор ТУИ Холандија ќе воведе нови сезонски летови од Ајндховен до Охрид во летната сезона во 2018 гoдина,  информира денеска концесионерот на македонските аеродроми, ТАВ Македонија. ТУИ ќе ги реализира летовите со нивната авиокомпанија – ТУИ флај.

ТУИ веќе лета на линијата Амстердам-Охрид-Амстердам, носејќи холандски туристи на Охридското Езеро секоја година, а сега ќе воведе втора авионска конекција со охридскиот аеродром. Авионите на холандскиот тур-оператор ќе летаат на новата линија, секој понеделник и петок, поврзувајќи ги аеродромите во Ајндховен и во Охрид .Ајндховен е лоциран во јужниот дел од Холандија и е блиску до белгиската граница.

„Среќни сме што ТУИ ги проширува своите операции носејќи повеќе патници на охридскиот аеродром, што значи повеќе туристи на прекрасната охридска ривиера. Се надеваме дека турите на ТУИ ќе привлечат не само туристи од Холандија, туку и туристи од други европски земји, коишто ќе ги откријат природните убавини на Македонија и ќе станат редовни посетители, изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Како што објавија официјалните претставници на ТУИ, сезонските летови од Ајндховен треба да донесат од 3.000 до 3.500 патници на Охридскиот аеродром, додека вкупно, вклучително и со летовите од Амстердам, ТУИ очекува да донесе 15.000 туристи на Охридското Езеро следната година.

„Веќе сообраќаме на линијата Амстердам–Охрид, а сега ќе почнеме со летови од Ајндховен до Охрид, двапати неделно, односно секој понеделник и петок, почнувајќи од 11 мај до 21 септември.Главната причина за воведување на оваа сезонска линија е поради тоа што сакаме да привлечеме туристи и од Белгија.Сигурни сме дека можеме да го прошириме пазарот, изјави Жак Кријнон,  продукт-менаџер во ТУИ Бенелукс.

Како што најавија претставниците на ТУИ, на оваа линија ќе сообраќаат воздухоплови од типот Боинг 737-800. Моменталниот распоред на летање предвидува заминувањето од Ајндховен да биде во 11:00 часот, додека пристигнувањето во Охрид е предвидено за во 13:35 часот. Од Охрид кон Ајндховен воздухопловите ќе заминуваат во 14:25 часот, а ќе пристигнуваат во Ајндховен преку Тиват во 18:50 часот.

Од ТАВ Македонија информираат дека ги завршиле првите 11 месеци од годинава со 13 проценти пораст на бројот на патници, достигнувајќи 1,9  милиони патници (1.876.304) на двата македонски аеродрома – Александар Велики во Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид. Во исто време, бројот на летови е зголемен за седум проценти, достигнувајќи вкупно 16.756 летови.

актуелно амстердам апостол Белгија езеро македонија охрид павле ТАВ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.