ДУИ и ДПА ќе ги хармонизираат односите и ќе соработуваат за целосно и побрзо спроведување на договорот од Пржино. Ова синоќа на средба во Тетово го договорија лидерите на ДУИ и на ДПА Али Ахмети и Мендух Тачи, како први луѓе на една владејачка и една опозициска партија.
„Пржинскиот договор и неговото спроведување е многу важен фактор во државата. Сигурно во Собранието ќе биде многу важно опозицијата да биде конструктивна во неговото спроведување и мора за некои работи да гласаат во Собранието, за реформите во судството, за ЕУ, и за НАТО. Значи Пржинскиот договор без опозиција не може да се реализира, и ваквата соработка опозиција и позија треба да ја има и во македонскиот политчки блок“, изјави Ахмети по средбата.
И лидерот на ДПА Тачи оцени дека на средната акцентот бил ставен на целосното спроведување на Договорот од Пржино, и дека не станало збор за никакви партиски интереси.
„Ништо вечерва не се случуваше под маса, подршката која ја даваме за ДУИ е бланко подршка дека сакаме што поскоро да бидеме дел од НАТО и ЕУ, а тоа без спроведување на пржинскиот договор не е можно. Не значи дека ако сме ги изгубиле изборите, не треба да бидеме конструктивни, рече Тачи.
Ахмети се надева и очекува наредниот период да има позитивни случувања околу зачленувањето на Македонија во НАТО.
„Ние Албанците сите сме за Македонија во НАТО и сме за постигнување на компромис, кој е прифатлив за сите страни. Треба час поскоро да станеме дел од НАТО, дека Македонија е на крстосница се водат битки со Русија, ние немаме ништо против Русија, но нашата држава припаѓа во евроатланското семејство, рече Ахмети.
Тачи изјави дека се обидел ваква средба да одржи и со Беса, но дека претседателот на оваа партија Билал Касами побарал тој состанок да биде без медиуми, поради што средбата воопшто не се остварила.







