Скопското крило на Беса, предводено од Африм Гаши и ДПА на Мендух Тачи влегуваат во Влада, двајцата лидери подале рака со премиерот Зоран Заев, потврдува висок владин функционер.
Според истиот функционер, Гаши добива министер за култура, Тачи министер без ресор задолжен за странски инвестиции.
Според информациите од владиниот функционер за министерството за образование ќе се преговара меѓу Заев и Ахмети, иако од ДУИ велат дека речиси е извесно дека тие ќе го земат овој ресор, што би значело дека правда ќе оди кај СДСМ. Во текот на денот и ДПА и Беса на Гаши закажаа партиски состаноци на кои треба да се потврди оваа одлука.







