Фудбалската репрезентација на Србија, составена од играчи од Супер лигата, загуби во Доха со 3:0 во пријателски натпревар.
Прашањето на победникот беше решен во првите 45 минути кога Катар ги постигна трите гола, а стрелец на сите три беше Себастијан Сорија.
Катар поведе во 24 минута. После нападот по десната страна и центаршутот, Сорија успеа да го совлада Филип Кљаиќ.
Истиот играч со гол со глава зголеми на 2:0 во 30 минута.
Конечниот резултат е поставен во 43 минута кога Сорија после контранапад прецизно стрелаше во мрежата на Кљаиќ.
Репрезентативците на Србија во второто полувреме играа многу подобро, напаѓаа и правеа прилики, но не успеаја да постигнат погодок.
АКТУЕЛНО
- Данска воведува целосна забрана за мобилни телефони во училиштата
- Кина го претстави екипажот за новата вселенска мисија, во кој за првпат има и странец
- Утре и задутре минусни температури, за викендот снег
- „Дијамант“: инстант лоз што носи шанса за добивки до 300.000 денари
- ЕУ воведува ограничување за готовински плаќања до 10.000 евра од јули 2027 година
- Мицкоски: Имам мандат уште 13 месеци
- ЈП „Паркови и зеленило“: Не паркирајте под дрва, нѐ очекува силен ветер
- Од полноќ дизелот поевтинува за 3,5 денари







