Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Телевизиите се на работ на исчезнување
Интернет

Телевизиите се на работ на исчезнување

април 10, 2022Updated:април 10, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Телевизиските компании ќе мора радикално да се прилагодат на брзорастечкиот свет на онлајн забавата доколку имаат намера да преживеат, предупредуваат експертите. Тие веќе се обидуваат да ги достигнат интернет гигантите од индустријата за игри во борбата за вниманието на помладата публика и, следствено, приходите од реклами.

Се наѕира почетокот на таканаречениот „метаверзум“, што е термин кој се однесува на систем од интерактивни интернет светови, игри и тродимензионални места за средби, кои веќе привлекуваат милиони корисници.

Додека постарите потрошувачи на медиумски содржини се сè уште врзани за традиционалната телевизија, гледаноста меѓу помладите од 35 години се преполови во последниве години и нагло ќе опадне како што ќе се развива метаверзумот, според „Статистика“, германска компанија која се занимава со истражување на пазарот.

„Младите луѓе еволуираа од пасивни следачи на ТВ во активни играчи и се оддалечија од екранот (компјутерот) во корист на паметните телефони. ТВ каналите ќе умрат заедно со нивната публика“, рече Фредерик Каваза, ко-основач на француската компанија специјализирана за дигитална трансформација „Сјуск“.

За да допрат до младите, телевизиските куќи ќе мора да се натпреваруваат со гејмерските платформи како „Роблокс“, „Фортнајт“ и „Мајнкрафт“, кои веќе воспоставуваат доминантна позиција на пазарот и се сметаат за претходници на метаверзумот.

Половина од децата на возраст од 9 до 12 години во Америка користат „Роблокс“ најмалку еднаш неделно, платформа каде играат игри, слушаат концерти или едноставно се дружат со пријателите, според „Дјубит“, компанија за истражување на медиумите.

Публиката може да биде огромна: 33 милиони луѓе го гледаа настапот на раперот Лил Нас Икс на „Роблокс“ во 2020 година, што е три пати повеќе од луѓето што го гледале на телевизија на доделувањето на Греми наградите неодамна.

„Радиодифузерите ќе мора да изберат дали ќе останат на се помалиот пазар на традиционалната телевизија или своите лица и брендови ќе почнат да ги носат на платформите на метаверзумот“, рече Метју Ворнефорд, ко-основачот на Дјубит.

„Тоа значи да ги донесете луѓето во светот, да ги направите дел од приказната, да играте заедно со нивните пријатели, на ист начин како што Дизниленд вам и на вашите пријатели ви овозможува да бидете во нивниот свет со Мики Маус“, рече тој.

Телевизиските компании имаат време да се прилагодат, но се соочуваат со голем предизвик бидејќи во исто време мораат да ги задоволат потребите на постарите луѓе кои гледаат традиционална телевизија, средовечните луѓе кои се свртуваат кон платформите за стриминг платформите и младите кои копнеат за интерактивна и социјална разонода.

„Ако сакаме да останеме релевантни, ќе мора да се поставиме кон сите овие видови на користење“, рече Кати Бреме, шеф за одделот за иновации во француската државна телевизија.

Таа вели дека телевизијата се уште е во фаза на истражување, каде што си поигрува со проширената и виртуелна реалност за да создаде културни и спортски искуства.

Најголемиот предизвик, сепак, може да биде од финансиска природа.

Телевизиските куќи досега не беа погодени од падот на приходи од реклами поради технолошкиот напредок, како што беше случајот со другите традиционални медиуми како што се весниците.

„Тоа може да се промени побрзо отколку што луѓето сфаќаат“, рече Ворнефорд.

„Во минатото, беше тешко да се преместат телевизиските реклами во светот на игрите бидејќи поединечни компании создаваа игри ‘кои ги заклучија и ја заробија целата вредност’“, додаде тој.

Но, метаверзумот нуди многу поотворено поле на дејствување, каде што брендовите имаат многу повеќе можности за промоција и директна продажба на стоки на клиентите.

Модните и луксузните брендови веќе заработуваат милиони продавајќи виртуелно, облека и предмети на „Роблокс“, „Фортнајт“ и други платформи.

„Ако сакаат да допрат до млади луѓе, дали компаниите ќе продолжат да одат на телевизија или ќе одат некаде каде што навистина младите луѓе се наоѓаат – во игрите и метаверзумот“, праша Ворнефорд.

интернет метаверзум реклами Телевизија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Интернетот во Иран е целосно исклучен повеќе од 84 часа

март 4, 2026

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на интернет

јануари 22, 2026

Собранието ги усвои измените на Законот за медиуми: Нови услови за интернет-порталите

април 23, 2025
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.