Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Темишвар избра Германец за градоначалник
Автор

Темишвар избра Германец за градоначалник

октомври 7, 2021Updated:октомври 7, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Градоначалник на Темишвар, трет по големина романски град, е триесет и осумгодишниот Германец Доминик Фриц.

Фриц нема романско државјанство, ниту романски пасош. Роден е и пораснал во германската област Шварцвалд, живеел во Берлин и работел во канцеларијата на поранешниот претседател на Германија, Хорст Кехлер, а бил и член на Зелените до 2019 година.

Во септември минатата година Фриц на изборите освои 54.8 отсто од гласовите и така го победи дотогашниот градоначалник Николае Робуи, поранешен ректор на универзитетот во Темишвар. Робуи се натпреваруваше за трет мандат на чело на градот.

Фриц тогаш стана прв странец кој е избран за градоначалник на некој романски град.

Прв пат дошол во Темишвар кога имал 19 години, кога после матурата волонтирал во едно тамошно детско село. Вели дека тогаш се заљубил во градот. Стално навраќал, па и за време на студиите по политикологија на факултетите во Германија, Франција и Велика Британија.

Станал познат во романското граѓанско општество. Учествувал во протести против корупција во Букурешт и Темишвар, водел различни културни и општествени проекти. Потоа се приклучил и во политиката, па во 2019 година партијата Унија за спас за Романија го избрала за свој кандидат за градоначалник на Темишвар.

„Со своите гласови жителите на Темишвар влегоа во историјата, не само во Романската, туку и во Европа. Избраа европски градоначалник за европски град. Темишвар бил, е и ќе биде европски град“, рече Фриц за „ЕУ обсервер“ после победата.

Во текот на кампањата Фриц вети дека ќе го модернизира градскиот превоз, градот ќе го претвори во економско, технолошко и културно средиште и дека ќе ја дигитализира локалната управа.

На прашањето што го нервира кај Романците, Фриц за Дојче Веле одговори: „Неточноста. А, најмногу ме нервира тоа што таа е заразна“.

Набрзо после доаѓањето на власт, Фриц започна да ја реорганизира градската управа, која, како што рече за локалните медиуми, не поминала без отпор.

„Во реорганизацијата тргнавме со луѓето кои веќе беа вработени во управата. Се обидуваме да доведеме нови луѓе и да го смениме менталитетот, но за тие работи треба време“, изјави тој.

Во текот на реорганизацијата откри и дека се мамело на натпреварот за работа во Градот. Фриц пријавил седум случаи на измама на испитите кои идните службеници мора да ги положат, но, како што вели, тоа е само врвот на сантата мраз.

Кандидатите кои имале врски во врвот на управата излегувале на испит, а потоа некој преку ноќ нивните одговори и решенија ги заменувал со други, исправно пополнети тестови. Таа измама е откриена со споредба на ракописи, а во истрагата учествувале и лица од романската антокорупциска служба.

„Загубата на позицијата за некои луѓе од градската управа не значи само тоа дека тие луѓе ќе останат без плата, туку претставува деконструкција на корумпираниот систем кои ги направил моќни и влијателни. Се чини дека обидите да се сруши новата реорганизација на градската управа по судски пат е само начин на кој сакаат да го вратат стариот корумпиран систем пред да го откриеме сиот криминал што се случувал до сега“, рекол Фриц.

Првите месеци од мандатот, вели, ги поминал решавајќи проблеми кои ги оставила поранешната управа,

„Не може од Темишвар преку ноќ да направиме Минхен“, дециден е Фриц и додава дека за големи промени треба време.

 

 

 

(Фото: Дојче Веле)

актуелно Букурешт Германец градоначалник романија темишвар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.