Со личен рекорд во кариерата со индекс на корисност 43, кошаркарот на московска ЦСКА, Милош Теодосиќ дојде и до титулата најкорисен играч во деветото коло во Евролигата.
Шампионот на Европа предводен од маестралниот Теодосиќ славеше со 112:84 против екипата од Виторија, Баскониа.
Српскиот кошаркар во тој тримф учествуваше со 34 поени и десет асистенции, што му донесе висок индекс на корисност.
Теодосиќ на натпреварот го постави својот личен рекорд, но и рекордот на клубот и ја пружи најдобрата игра во Евролигата од почетокот на сезоната.
На патот до МВП титулата репрезентативецот на Србија го помина и бројот од 1.000 асистенции во елитното натпреварување.
Главниот конкурент на Теодосиќ во борбата за најкорисен играч на колото беше Дерик Браун од Анадолу Ефес, кој запиша 20 поени, девет скокови, четири асистенции и три блокади во победата над Црвена звезда со 100:79.
Браун имаше индекс на корисност 39, а зад Теодосиќ и него се најде Блејк Шилб од Галатасарај, со индекс 30.
Галатасарај со 78:64 ја победи Барцелона, а Шилб натпреварот го заврши со 18 поени, осум скокови и шест асистенции.