Градоначалничка на Тетово, Теута Арифи нема да биде дел од предлог-составот на новата влада затоа што ќе се канидидира за нов градоначалнички мандат.
Таа рече дека нејзина најголема желба и била и ќе и остане градот Тетово. Затоа ќе се кандидирам за уште еден мандат за градоначалничка – вели Арифи во изјава за ТВ21.
Во изјавата додава дека вчерашниот ден за неа бил посебен бидејќи се реализирал нејзиниот концептуален ангажман од 29 јануари, ДУИ да не биде на погрешно место или во погрешна влада.
Денеска ДУИ е на местото каде што треба да биде, во една реформска влада – вели Арифи.
Во предлог-составот на новата влада не се ни другите двајца потпретседатели на ДУИ, Невзат Бејта и Изет Меџити. Се очекува дека и тие ќе бидат кандидати нови градоначалнички мандати за Гостивар, односно за Чаир.







