Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тимоние: Владеењето на правото основа за отпочнување на преговорите
Македонија

Тимоние: Владеењето на правото основа за отпочнување на преговорите

мај 1, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Северна Македонија оствари голем напредок особено од 2016 година наваму. Сепак, секогаш од наша страна беше јасно речено дека вистинскиот напредок може да се согледа низ критериумите на владеењето на правото и дека тој ќе претставува основа за отпочнување на преговорите, вели во интервју за МИА францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние.

Тој во интервјуто се осврнува на Стратегијата за Западен Балкан што ја објави вчера Франција, по неформалниот самит за Западен Балкан во Берлин, што го организираа францускиот претседател Франсоа Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.

Тимоние вели дека Стратегијата ја утврдува посветеноста на Франција на највисоко ниво за поддршка на европскиот пат на западнобалканските земји.

За првиот круг од изборите вели дека поминале во демократски дух, а во однос на претстојниот втор круг, ги повикува граѓаните да излезат да гласаат, и оти за нив, како што вели Тимоние за МИА, тоа „ќе преставува големо охрабрување да ви помогнеме на вашиот европски пат“.

„Франција излезе со Стратегија за Западен Балкан? Што е новитетот, односно клучната порака, што ќе ги засега земјите од Западен Балкан?

Оваа стратегија ја утврдува нашата посветеност на највисоко ниво за поддршка на европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Таа се темели врз очекувањата на луѓето коишто живеат во овој регион да видат вистински напредок во областа на реформите и владеењето на правото. Но таа се темели и врз нашите очекувања да видиме дека напредокот се материјализира и конкретно се потврдува во пракса. Поддршката за реформата на правниот систем и генерално за имплементацијата на европските стандарди во областа на администрацијата ќе претставува конкретен придонес кон вашиот европски пат. Областите се јасно идентификувани и нашите залагања ќе претставуваат поддршка и надополнување на веќе реализираните активности во рамките на ЕУ и другите мултилатерални институции. Станува збор за мобилизирање на нашите напори околу конкретните можности за соработка која ќе биде поддржана од Француската агенција за развој. Таа веќе почна да се насочува во одредени правци кои може да ја опфатат областа на екологијата, квалитетот на воздухот и животната средина.

„Македонија е пофалена за напредокот особено што го реши долгогодишниот спор со Грција, и е оценета како единствена светла точка на Балканот. Дали напредокот ќе се ефектуира во почеток на преговори со ЕУ?

Ги поздравуваме напорите што се за пример кога станува збор за процесот на помирување, а кои беа спроведени со сета неопходна храброст и одлучност од страна на властите во земјата, особено од 2016 година наваму. Тие напори треба да продолжат и понатаму. На тој начин, Северна Македонија и целиот регион ќе го заземат ветеното место во рамките на една обновена европска конструкција, за што Франција особено се залага. Сепак, секогаш од наша страна беше јасно речено дека вистинскиот напредок може да се согледа низ критериумите на владеењето на правото и дека тој ќе претставува основа за отпочнување на преговорите.

„Како го оценувате првиот круг од претседателските избори и какви се Вашите очекувања за претстојниот втор круг ?

Првиот круг од изборите помина мирно, со тројца кандидати кои демонстрираа голем квалитет и сите тројца ја искажаа својата волја за унапредување на владеењето на правото и консолидирање на државата. Очекуваме и граѓаните да дадат свој придонес кон таа консолидација преку најосновниот граѓански чин, а тоа е да излезат и да гласаат и во вториот круг, односно да покажат дека земале учество во гласањето.

За нас тоа ќе претставува големо охрабрување за да ви помогнеме на вашиот европски пат. Државјанството е основа на вредностите во Европа, секаде каде што имате аспирации да влезете. Таква порака очекуваме да ни пристигне во Париз, но се очекува и во другите главни градови.

актуелно владеење отпочнување право преговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.