Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Томислав Кежаровски, добитник на наградата Мито Хаџи Василев – Јасмин
Настани

Томислав Кежаровски, добитник на наградата Мито Хаџи Василев – Јасмин

декември 21, 2021Updated:декември 21, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин“ годинава му припадна на Томислав Кежаровски, новинар и публицист. Наградата му се доделува за особено значајни остварувања од интерес на Република Северна Македонија во областа на публицистиката.

Добитници на престижната награда се и Тошо Филиповски, Аделина Марку и Марјан Николовски.

Тајната на слободата лежи во храброста и жртвувањето да се бориш за слобода на јавниот збор. Останува одговорноста  за соучеството на опортунистите, на рамнодушните, на клиентелистите на поделеното општество во кое денес живееме.

Да се обединиме сите во борбата за слобода! Затоа што без слободата луѓето се само бледа сенка на она што се нарекува човек. И најважно од се оној кој се плаши да ја искуси храброста никогаш навистина нема да биде слободен.

Томислав Кежаровски пишувајќи за притворот зборува за борбата за слобода. Пркос кој не престанува и пред страшните диктатори, затворски чувари, обвинители и судии.

Животот е посилен ако за него се пишува и сведочи. Мудрите одамна забележале дека постои само тоа што е напишано во весниците, во медиумите, во книжевноста, само тоа што е публикувано и објавено да остане како искуство и поука на идните генерации. Се што не е запишано и напишано исто како и да не се случило, не постоело…

Кутијата за која пишува Кежаровски не е само притворската келија. Тоа е метафора и крик за ужасот на секојдневното ропство кога ќе се предадеме на летаргијата, ако постојано и постојано будно, активно и гласно не се бориме за слободата.

Притворот може да се случува насекаде околу нас, да биде наше секојдневие. Да се движиш слободно, а да бидеш заробен. Пострашно од заробената држава е зарабениот ум. Затворот на мислата, затворот на слободниот говор и израз на медиумите е многу поопасен, понепријатен и од животот во кутијата од неколку квадрати.

Одборот за државната награда Мито Хаџи Василев – Јасмин, оваа година со особена чест и задоволство му ја доделува наградата за публицистика на новинарот Томислав Кежаровски. Неговата, правдољубивост, слободољубивост и жртва, неговата професионална и животна епопеја ќе остави неизбришлив печат во македонското новинарство, македонската публицистика, неизбришлива трага во македонската меморија.

Храброст, искреност и професионалност, посветеност, чесност и инает. Овие се имињата со кои слободно ја потпишуваме личноста и името на Томислав Кежаровски. Тој црпи енергија од искрената желба Македонија да биде подобро место за живеење без криминал, корупција, глупости и примитивизам.

Концептот на медиумски содржини и информации кои не се лакирани од дневно-политички потреби, е доказ дека Кежаровски нема проблем со слухот и чувството на луѓето кои се засегнати од феномените на сегашноста. Тој не препишува од полициските билтени, туку копа по животните судбини, се дружи и разговара со сведоците, обвинетите, жртвите за да неговата приказна биде поверодостојна, реална и објективна. Тој ја сфаќа работата како задоволство. А кога е така, тогаш е лесно да се пишува и да им дадете на луѓето четиво кое ги отвора сите сетила. Читате, гледате и слушате. Така е секогаш кога Кежаровски го потопува своето перо во мастилото на животот.

Томислав Кежаровски го хранеше своето перо и од мастилото на притворските ѕидини, го потопи во келиите каде денот и ноќта стануваат едно, каде времето стои, не поминува, а животот тече понатаму…Кежаровски е автор на романот „Живот во кутија“, кој наиде на меѓународно внимание и признание. Распонот на преокупациите на писателот Кежаровски во романот е разноврсен: од политичка анализа преку „уметничка критика“ се до филозофски размислувања за положбата на човекот во современиот свет, укажувајќи притоа на егзистенцијалната вистина за затворот како институција.

Книгата наиде на исклучителен прием кај македонската читателска публика и имаше одлични оценки од страна на книжевните критичари. „Живот во кутија“ е најтиражна книга во последниве десетина години во Македонија. Книгата „доживеа“ второ издание, а преведена е и на англиски јазик.

Моментно Кежаровски работи на својата втора книга „Заробена слобода“ за која се очекува да биде издадена на Меѓународниот ден за човекови права.

Во неговата долгогодишна новинарска работа Томислав Кежаровски работеше во дневните весници „Утрински Весник“, „Вечер“, „Бизнис“ и „Нова Македонија“.

Основач е и главен и одговорен уредник на ревиите „Сведок“ и „Репортер 92“ и главен и одговорен уредник на емисијата „Ревизор“. Моментно е главен и одговорен уредник на порталот „Актуелно“.

Упорно ја раскажува својата приказна и ги распространува своите идеали од Скопје, преку универзитети во Берлин, Минхен, Франкфурт, Дармштадт, Лајпциг, Белград, Благоевград…Последниот од низата негови настапи е на годинешниот Форум за демократија во Будимпешта. Тој беше еден од тројцата граѓански активисти од светот кој говореа за важноста на слободата на говорот, за важноста на демократијата во општеството.

Добитник е на престижните македонски новинарски награди, за истражувачко новинарство на Македонскиот Институт за Медиуми и на наградата за особен придонес во новинарството „Јашар Еребара“ на Здружението на новинари на Македонија.

Награди за творештво доби и од данската Асоцијација на новинари, Американската амбасада во Скопје и мисијата на ОБСЕ во Македонија.

актуелно Мито Хаџи Василев - Јасмин награда новинарство публицистика Томислав Кежаровски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.