Поранешниот фудбалер на Рома и репрезентативец на Италија, Франческо Тоти, е под истрага заради перење пари и сомнителни трансакции, пренесува „Мундо депортиво“.
Шпанските медиуми јавуваат дека се работи за разработена операција која вклучува неколку поединци и ланци на коцкарници. Спорна е една од трансакциите во вид на заем од 80.000 евра на една пензионерка во градот Анцио.
Според „Мундо депортиво“ не станува збор само за една трансакција, туку за повеќе кои достигнуваат милиони долари меѓу Тоти и негов пријател, а кои можат да се поврзат со операции во коцкарници во Лас Вегас, Монте Карло и Лондон.







