Тојота ќе превземе околу пет отсто од акциите во Мазда за да воспостави производство во САД и да ги развива клучните технологии за електрични автомобили, објави Никеи.
Договорот треба да се потврди денес. Јапонски компании ќе разговараат за воспоставување на производство во југот на САД врз основа на моделот на заеднички инвестиции. Таму ќе се произведуваат спортски автомобили со годишен капацитет од околу 300.000 возила, кои ќе се продаваат преку сопствени продажни канали.
Партнерството ќе го олесни инвестицискиот товар за двете компании и ќе им дозволи да ја споделат стручноста во одредени сегменти на технологијата.








