Грчкиот спасувачки тим, кој го сочинуваа 22 спасувачи, со аплауз го напушти Истанбул.Членовите на тимот со солзи порачаа дека дале се од себе.
Гувернерот на Истанбул, Бозкурт Геврек, му додели плакета на грчкиот тим и ги прегрнаше членовите заблагодарувајќи им се на еден по еден, а шефот на тимот Јанис Папастатис му се заблагодари на турскиот народ за гостопримството.
„Кога ја видовме јачината на потресот, нашата болка беше голема.
Дадовме се од себе и направивме се што можевме. Добивме големо внимание од турскиот народ. Се чувствувавме сигурни и сè што ни требаше беше исполнето. Од првиот момент кога дојдовме во Турција, луѓето разбраа зошто дојдовме и цело време ни аплаудираа“, рече Папастатис.
Вработените во аеродромот и припадниците на полицијата на истанбулскиот аеродром направија кордон, се наредија во двете страни на излезот од зградата кон авионот, и додека грчките спасувачи минуваа низ него им аплаудираа, а во аплаузот се придружија и другите патници.
Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас, беше првиот странски функционер што ја посети Турција по земјотресот што го уништи јужниот дел на земјата.
Се чини дека несреќата барем на кратко ги приближи двете земји со долго историско ривалство и со бројни нерешени отворени прашања.







