Најмалку 85 луѓе загинаа, а повеќе од 300 се повредени во Сана, главниот град на Јемен, при стампедо, јави француската новинска агенција АФП.
Бројот на починати и повредени расте прилично брзо, бидејќи првите информации говореа за триесет мртви за време на хуманитарен настан кој се одржувал во Сана, градот кој го контролират бунтовниците Хути, кои ја потврдија веста за АФП.
Новинската агенција на бунтовниците „Саба“ наведува дека жртвите веднаш биле пренесени во блиските болници и дека организаторите на овој настан се уапсени.
Меѓу загинатите има деца и жени, а се наведува дека најмалку 50 лица моментално се во критична состојба.
Хутите, инаку блиски до Иран, ја презедоа контролата врз главниот град на Јемен пред девет години, што потоа предизвика интервенција на воената коалиција, предводена од Саудиска Арабија, за да ја поддржи владата.
Оттогаш, војната во Јемен однесе стотици илјади животи и иницираше една од најголемите хуманитарни кризи во светот, во оваа најсиромашна земја на Арапскиот Полуостров.
(Фото: АФП)







