За околу две недели, според најавите на американскиот претседател Доналд Трамп, треба да почне продажба на т.н. „златни карти“ по цена од пет милиони долари за доселување во САД. Замислено е такви карти да добиваат странци кои сакаат да се преселат во САД и таму да создаваат работни места.
Веќе постои зелена карта, која документира дозвола за работа и престој во САД. Новата „златна карта“ би ги обезбедувала истите права, а дополнително би нудела пат кон американско државјанство. „Со купувањето на оваа карта во нашата земја ќе доаѓаат богати луѓе. Тие ќе се богати и успешни и ќе трошат многу пари и ќе плаќаат многу данок и ќе вработуваат многу луѓе“, изјави американскиот претседател. На прашањето дали „златната карта“ ќе важи и за руски олигарси, Трамп одговори дека е тоа „веројатно“ и дека може да си замисли меѓу заинтересираните да има и олигарси. Тој самиот познавал „многу љубезни луѓе“.
Според Трамп, програмата за „златната карта“ е во согласност со законите и треба да ја замени досегашната виза за инвеститори ЕБ5. Во врска со намето на картата, американскиот претседател рече: „Некој кажа – да ја наречеме ‘Трамп-златна карта’? Јас реков: ‘Користете го името Трамп ако е од полза. Ви го давам бесплатно.
(dw)







