Идниот претседател на САД, Доналд Трамп напиша денес на Твитер дека ќе направи се на неговата инаугурација во петок во Вашингтон да дојде рекорден број на луѓе.
Екипата на Трамп за примопредавањето на власта објавува реклами на социјалните мрежи повикувајќи ги луѓето на свеченоста.
На Фејсбук и Твитер е објавена снимка на која Трамп ветува дека ќе „биде прекрасно“.
Кристофер Гелард, регионалниот шеф на службата за безбедност, изјави дека очекуваат на свеченоста да присуствуваат меѓу 800.000 и 900.000 луѓе.
На првата инаугурација на американскиот претседател во заминување Барак Обама, пред осум години, присуствуваа 1,8 милиони Американци.







