Треба ли нови жртви, за надлежите да се разбудат: Пропаднат дел од стариот пат Охрид-Струга!?
Делницата од Охрид до Подмоље од автопатот Кичево – Охрид, што (не) досега зеде “данок во крв“, од неколку жртви.
За тоа, пак, никој не одговара, а одговорноста е конкретна и може лесно да се адресира.
Се гради паралено новата, со трасата на стариот пат, обезбедувањето е никаво, нивото на новата, понекаде е и за метар пониско од старата, а сообраќајот се одвива божем “нормално!”.
Охриѓани и стружани, од претпазливост, го користат стариот, крајезерски пат. На странците пак им е поатрактивен.
Но и тука, поради немарност на повиканите, “во заседа”, ве чека голема опасност!
На полоовината од патот, кај бензинската станица на “Мак петрол”, поточно кај препумпната колекторска станица, пропаднал дел од патот!
Создадена е дупка подлабока од еден метар, а возачите не можат да ја забележат затоа што ивиците се обраснати со трева!



Само еден Господ знае, како досега не се случила некоја нова трагедија!?
А, кој Господ ги штити од одгворност, господата од “Македонија пат”, за ваквата немарност!?
Секако и локалните власти на Охрид и Струга, не се без одговорност, макар таа била и само морална, односно човечка!
фб статус на Веле Митановски







