Вардар ја освои третата титула во СЕХА лигата и стана најтрофеен клуб во регионалното натпреварување.
Скопските „црвено-црни“ не му дозволи на Веспрем да поведе во ниту еден момент и на крајот заслужено славеше со 26:21.
Македонскиот шампион одигра одлична одбрана, а и нападот беше на висината на задачата, фокусирано во текот на сите 60 минути, што му го донесе првиот трофеј годинава.
Во првото полувреме речиси постојано се играше гол за гол.
Вардар успеваше да дојде само до два предност, но сепак на одморот се замина со нерешени 11:11.
Второто полувреме продолжи во ист ритам, но како одминуваше времето Вардар играше се подобро и подобро.
Се беше решено на 10 минути до крајот кога, се чини, Вардар го зададе решавачкиот удар и поведе со 5 гола разлика.
До крајот црвено-црните ја задржа предноста која во ниту еден момент не беше доведена во прашање.
Кањељас, кој одигра една од најдобрите партии откако е во Скопје, заедно со Дибиров, со по 5 постигнати гола ја предводеа листата на стрелци.







