Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Царовска: Трите деца вратени во Малиот групен дом во Визбегово
Скопје

Царовска: Трите деца вратени во Малиот групен дом во Визбегово

ноември 25, 2019Updated:ноември 25, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Трите деца кои вчера беа префрлени во друг дом, веќе се вратени во Малиот групен дом во Визгебово. Засега нема никаква закана по нивниот живот, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Според неа, дали Домот ќе се дислоцира како што бараат дел од жителите во Визбегово, допрва ќе се одлучува, зашто дискусијата е во тек, но во секој случај, ќе се бара заедничко, компромисно решение.

„Децата викендот го поминаа на гости кај свои пријатели, исто така поддржани од Министерството. Си се враќаат сега на редовните школски активности и дневното живеење. Сепак, не сакавме да ги слушаат зборовите на населението зашто не бевме сигурни што сé ќе биде кажано. Тие деца доволно долго во животот биле изложени на одредени негативни појави и однесувања од нивните семејства и заедниците, затоа сакавме да ги заштитиме. Дискусијата за дислокација на Домот трае. Очекувам позитивен фидбек на населението, посебно што посебен дел го поддржува Групниот дом и тоа го видовме од вчерашните настани, како и од првите соседи кои кажаа нешто сосема спротивно од групата. Групите имаат можност за различни мислења, но важно е мнозинството и тоа како ќе дојдеме до одредено компромисно решение, нагласи Царовска, одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на успешните бизнис приказни со самовработување во Фондот за иновации.

Во врска со забелешката на некои жители од Визбегово дека воспитувачите не се грижат доволно зашто доцна навечер децата излегувале од Домот и шетале низ населбата, Царовска е децидна.

„Малите групни домови не се затвор. Тие се од отворен тип. Овие деца се соочувале со социјални ризици со кои поголем дел од нас не се соочиле никогаш во животот. Службите не само што се присутни, туку се таму 24 часа. Тоа е проверено од сите инспекциски служби во Министерството. Но, поддршката од заедницата е најважна во овој момент. Во Скопје вакви домови има многу, не е само овој во Визбегово. Може да се случи некое дете да ја напушти куќата во одреден момент, но важно е за колку време ќе се врати, каде било, што ќе се преземе и тоа се прави. Системот на социјална заштита нуди поддршка, па има простор за грешка, па пак поддршка, се додека не престанете да правите грешка. Значи, овие институции се отворени и никогаш нема да станат затворени зашто тие се викаат затвор, а не мал групен дом, потенцира министерката.

Таа изрази верба во, како што рече, силата и мудроста на нашиот народ и во разумот.

„Како што покажавме во Тимјаник дека доаѓаме до заеднички решенија, така ќе покажеме и во Визбегово. Навистина очекувам дека во наредниот период сите заедно, и населението во Визбегово и ние како институции, ќе покажеме дека можеме да им понудиме отворена рака, отворена прегратка и дека заеднички можеме да го подобриме нивното живеење. Се надевам дека со тоа ќе покажеме успех и отвореност и за другите прашања во општетството на кои се гледа со стигма и дискриминација и дека ќе можеме да ги надминеме, рече Царовска.

актуелно Визбегово групен дом деца
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.