Македонската ракометна репрезентација забележа победа вчера вечерта на гостувањето кај Исалнд со 34:33 и направи голем исчекор кон пласман на Европското првенство 2020.
Победничкиот гол го постигна Дејан Манасков во последната секунда, откако претходно неговиот удар од пенал домашниот голман го одбрани, но за наша среќа топката се одби кај македонското лево крило.
За Македонија ова беше прва победа на гостувањата на Исланд. Воедно ова е деби триумф Данило Брестовац кој за првпат ги предводеше „црвено-жолтите“ во улога на селектор. На првиот дуел од 3.коло во квалификации
На првите две места на табелата се Македонија и Исланд со по четири бода, Турција има 2, исто толку и Грција.
Во следното коло македонските ракометари, в недела во Скопје се домаќини на исландската репрезентација.







