Повеќе од 7.000 луѓе во костими на Дедо Мраз учествуваа денес во трка низ центарот на Мадрид, која е организирана во хуманитарни цели, заради собирање на парични средства за лечење на заболени од канцер.
Трката е одржана во должина од пет километри, долж прочуената мадридска авенија Пасео де ла Кастељана, пренесува Ројтерс.
Во трката низ главниот град на Шпанија учествуваа и деца, а организаторите наведуваат дека станува збор за најголемата трка на Дедо Мразовци во светот.
Дел од парите кои учесниците ги уплатиле за да се придружат на трката ќе биде дониран во непрофитната организација „Фундасион интеос“ која се занимава со нега и лечење на заболените од рак.







