Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тројански Коњ
Мислење

Тројански Коњ

февруари 2, 2017Updated:февруари 2, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Тројанскиот коњ и денденес останува најспоменатата метафора за војно-политичка измама. Мислам дека нема потреба за да се раскаже наративот, поради популарноста како на делото на Хомер, исто така и на самиот филм „Троја“. А, и често се споменува во политичкиот речник.

Со „тројанскиот коњ“ сакам да го објаснам последниот маневар на политичката задруга „Никола&Али“.

Двата тешко ранети лавови, политичките близнаци во последната декемвриска изборна битка, братски заглавија.

Не само што заглавија во политичката мочвара која самите ја произведоа, тие останаа шастисани од самата леснотија на почетокот на крајот на нивниот криминален режим.

Декември ја урна лакомноста на владеењето на криминално политичката задруга.

Иако, многумина чекавме дефинитивен политички крах, злочудниот дует остана „жив“ , ама ранлив и со скршен морал, благодарејќи на албанската опозиција, која утна да ја разбере политичката клима.

Слепата верба на режимскиот дует дека ќе владее довека, благодарејќи на класичната игра на етно-симболичките национализми кои се курдисани од некој центар на интерес, а и уште функционира благодарејќи на натрпаните негативни емоции помеѓу двете душманизирани етникуми, како последица на десетогодишната агресивна пропаганда на зулумџискиот режим; кој, досега имаше само една цел, да го одржи анимозитетот помеѓу Македонците и Албанците околу критичната точка на вриење.

Меѓуетничкиот анимозитет и душманлук му служат на перверзниот режим како Оксиген.

Што се однесува до демократијата, целото друштво утнавме, иако, албанските гласови за промени беа едно пријатно политичко изненадување за сите нас, еден нов друштвен феномен што јас го перцептирам повеќе како глас на одмазда против перверзниот-режим, отколку глас за македонската и албанската опозиција.

Политичкиот резултат што произлезе од предвременото демократско легитимирање на власта, отворено е за неопходни промени во општеството.

Но, поради политичката незрелост на двата албански опозициски блока, кои се водеа исклучиво со бајрактаристички емоции и жедта за власт по секоја цена, отколку од политичката клима, баксузите ја утнаа политичката клима!

Сепак, како игра на случајот, се случи нивните пратенички мандати да имаат додадена вредност. Овој факт, требаше да се користи умно и чесно. За големо чудо, тоа не се случува!

Одеднаш, гром од ведро небо! Како што знаеме да ја засереме само ние.

Двата опозициски блока кои ветуваа промени во нашата демократија, седнаа на заедничка софра со чинителот на политичката криза Али Ахмети!

А, не многу одамна, опозициската изборна кампања помина обвинувајќи го токму него за зулумот што го чинел над Албанците во Македонија.

Уште не ми е јасно со што ги надмудри? Каде останаа дигнитетот и моралот? Каде исчезна политичкиот наратив на опозицијата? Каков повисок интерес и каква нова визија може да понуди овој истрошен куртон-политичар? Ало, што се случува со нас Албанците?

Лидерскиот собир породи едно копиле, кое го именуваа „заедничка платформа“.

Ова е уште еден „отровен подарок“ за Албанците во Македонија, каков што бил Тројанскиот коњ за Тројанците.

Овој собир на трите лидери да беше искрен и чесен, немаше потреба да се оди таму, во Тирана и Приштина; тој слободно можеше да се одржи во убаата Струга, во Зајас, во Дебар…., во секое наше село.

Колку што јас имам слушнато, а верувам дека исто и вие сте слушнале, „политичката задруга од Зајас“ сите овие години владеење ги џвака овие имиња: Брисел, Европа, НАТО, евроатлантски…..

Тогаш, зашто не заминаа за Брисел, туку отидоа во Тирана?

Воопшто не разбирам, што позитивно можаат да ни донесат од таму и од нивната влада, кога самата Албанија се празни!

Луѓето бегаат на големо од оваа држава, да не мисли некој, дека бегаат од ќеиф? Кој гледа таму демократија?

Односите позиција-опозиција се побетер од кај нас, а политичката комуникација им е уличарска.

После, од актуелната Албанија, може да ни импортирате канабис и кокаин, ама никако патриотизам, домољубие и демократија.

Знаете зошто? Затоа што оваа владеачка гарнитура воопшто не ги култивира ваквите вредности.

Тамошната влада, исто така, се вреднува дека е криминална и корумпирана, како и нашата, што може слободно обете да се перцепираат како „сијамски близнаци“.

Затоа, како може да се оправда заминувањето таму?

Алоооо, добрите нешта за нас може да ни дојдат од Брисел, Берлин, Виена… но не од Тирана.

Средбата во Тирана, има смисол само ако авторот има проектирано план за да ги влоши односите помеѓу Албанците и Македонците.

Е ова е главната и единствената храна на побратимскиот режим на ВМРО-ДУИ.

Тој некој, што ја режирал лидерската средба, ја познава добро нашата политичка психологија. Не треба да се биде паметен, за да ни е јасно, дека се што ќе донесат албанските политичари од Тирана, автоматски ќе чини негативни реакции кај македонските граѓани и политичари.

И, тие сосема се во право, бидејќи истото се случува и со нас, кога тие заминуваат за Белград.

Библијата вели:„Не му чини на друг тоа што не сакаш да ти чинат тебе“.

Алоооо, секој однос е реципрочен. Затоа, нашите политички лидери не треба да се прават улави и после да се трудат за да не убедуваат и да се оправдуваат за добрите намери на нашите соседи. Сите ние, преживуваме тешки и опасни денови, затоа, граѓаните како никогаш досега имаат потреба од политичка мудрост, умност, и толеранција. Ова е формулата за соживот, секаде во светот.

Шакир Ислами

албанци македонци политичка мудрост реципроцитет толеранција Троја Тројански коњ умност Хомер
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од Самитот на дијаспората во Тирана Ахмети порача дека Македонија има иднина само со владеење со Албанците

април 15, 2026

Македонците што работат во странство во 2024 година дома испратиле 310 милиони евра – 2% од БДП

декември 16, 2025

ВЛЕН обвинува дека Левица побарала затворање на џамии и ограничување на правата на Албанците

октомври 28, 2025
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.