Специјалната награда „Ѕвезда од истокот“ на Филмскиот фестивам во италијанскиот град Трст оваа година оди во рацете на слевниот глумец, пејач, режисер и писател Раде Шербеџија.
Ова признание фестивалот го доделува трет пат по ред на луѓе за истакната работа во филмската индустрија, кои низ својот ангажман допринесуваат за градење мостови меѓу истокот и западот.
„Моника Белучи и Ирена Јакоб со големо задоволство ги дарувавме со наградата ‘Ѕвезда од истокот’. Шербеџија е меѓу најпопуларните актери и најсестраните личности. Тој твореше на просторите на поранешна Југославија, во Италија… соработуваше со врвни режисери какви што се Стенли Кјубик и Џон Ву… Наградата му припадна на Раде не само поради неговиот уметнички ангажман туку и поради неговото залагање за цивилно општество и бескомпромисното спротиставување на војната“, пушува во соопштението на директорот на фестивалот.
Манифестацијата ќе се одржи од 19 до 28 јануари оваа година.
Наградата на Шербеџија ќе му биде доделена на 20 јануари во театарот Миела во Трст.