Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тужба против „Мекдоналдс“ за измама на клиенти
Во Фокусот

Тужба против „Мекдоналдс“ за измама на клиенти

мај 22, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Потрошувачи го тужат „Мекдоналдс“, тврдејќи дека нивните хамбургери изгледаат многу поголеми отколку што всушност се, пренесуваат британските медиуми.

Во групната тужба, гигантот за брза храна е обвинет за нефер и измамнички трговски практики и се бара казна од 50 милиони долари за измама на клиентите, јавува Би-Би-Си.

Компанијата не сакаше веднаш да го коментира случајот кој привлекува големо внимание на социјалните мрежи.

Нивниот ривал „Бургер Кинг“ доби слична тужба во март годинава, од истите адвокатски фирми што сега ја застапуваат тужбата против „Мекдоналдс“.

Рекламите на компанијата се „нефер, нечесни и финансиски штетни за потрошувачите бидејќи добиваат оброци кои се многу помалку од ветените“, се вели во тужбата.

„Постапките се посебно загрижувачки во време на инфлација, многу високи цени на храната и месото, кога многу потрошувачи, особено потрошувачите со пониски приходи, имаат финансиски проблеми“, се додава.

Во тужбата против „Мекдоналдс“ се наведува дека хамбургерите кои се рекламираат се барем 15 отсто поголеми отколку што навистина се. Во тужбата се вклучени и некои од реакциите на социјалните мрежи кои, негодувајќи, ги прозиваат компаниите.

„Изгледаат малку тажно… не се како на сликата“, рече еден клиент на Јутјуб за сендвичите, кој се цитира во тужбата.

„Тоа е мала плескавица, луѓе. Јас директно ви кажувам што можете да очекувате, после да не бидете разочарани како мене“, рекол друг.

„Ваквите коментари веројатно нема да бидат доволни за да се победи на суд во САД“, вели Марк Бартоломеј, професор по право на Универзитетот Бафало во Њујорк. Тој рече дека судот ќе бара докази дека клиентите биле измамени и дека рекламите влијаеле на одлуките за купување.

„И едното и другото се тешки работи што обвинителот треба да ги докаже“, рече тој.

„Претпоставувам дека она што навистина се сака да се постигне е спогодба и никогаш да не дојде до вистинско судење“, додаде Бартоломеј.

Во Британија, регулаторите во 2010 година ја забранија рекламата на „Бургер Кинг“, прифаќајќи ги поплаките дека сендвичите со пилешко месо од тој ланец на продавници се многу помали од рекламираните, објави Би-Би-Си.

„Но, релативно е невообичаено да се види ваква врста на случаи во САД, каде што многу спорови за рекламирање кои се водат меѓу конкурентите се решаваат тивко, далеку од очите на јавноста“, рече Дебора Герхард, професор по право на Универзитетот во Северна Каролина – Чапел Хил.

„За многу спорови јавноста никогаш не дознава“, додаде таа.

актуелно мекдоналдс сендвич тужба
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.