Безбедносни сили на Турција уапсија во Сирија уште еден осомничен за терористичкиот напад во Истанбул, во кој загинаа шест лица, објави турскиот телевизиски канал „А Хабер“.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, вчера изјави дека ситуацијата во Истанбул е нормализирана после нападот.
„Уште еден терорист кој помогнал да се изврши нападот е фатен во Азаз, на северот на Сирија“, се наведува во извештајот на турските безбедносни сили.
Турските власти претходно објавија дека се уапсени неколку десетици осомничени, како и една Сиријка осомничена дека ја поставила бомбата.
Во експлозијата што се случи во неделата во пешачката зона во центарот на Истанбул загинаа шест лица, а 81 лице беа повредени.
(Фото: АП)