Швајцарската УБС во 2016 година ја задржа позицијата на водечка банка во светот за управување со приватен капитал, со средства под управување од 2.600 милијарди долари, стои во најновите податоци на Scorpio Partnerhip.
Зад УБС следат Американската банка (Bank of America), Морган Стенли (Morgan Stanley) и Велс Фарго (Wells Fargo). На петтото место е Кралската банка на Канада (Royal Bank of Canada), а на шестото, за едно подолу од пред една година, е швајцарската Кредит Свис (Credit Suisse).
Најголем скок на листата на 25-те најголеми банки за управување на приватни богатства минатата година го направи Кина Меркантс банка (China Merchants Bank), којa се искачи за пет места, на 15-та позиција.
На листата влезе уште една кинеска банка – Банката на Кина, завземајќи го 24. место.
Од друга страна, пак, најстрмен пад на листата на најголемите банки за управување со приватни богатства забележа Дојче банк (Deutsche Bank). Со падот на средства под управување за 28 проценти, на 227 милијарди долари на крајот на 2016 година, банката падна за пет места на таа листа, завземајќи го 16-то место.
Општо земено, од Scorpio утврдиле дека 25-те најголеми банки за управување со приватни богатство во светот во светот управуваат со 13.300 милијарди долари вредна сопственост на клиенти кои на своите конта имаат најмалку еден милион американски долари. Со тоа тие држат 63,2 проценти од тој специјализиран банкарски пазар.
Оперативниот профит на таа индустрија, пак, минатата година стагнираше, бидејќи банките за управување со приватна сопственост се соочени со ниски или негативни каматни стапки, како и со зголемените желби на своите богати клиенти за пасивни вложувања.







