Франција оди на втората титула светски првак. Во финалето пред финалето ја победи Белгија со 1:0 и на Лужњи во Москва на 15 јули по трет пат во историјата ќе се бори за светската круна. Толку мајстори на фудбалската игра и виртуози со топка на теренот, а големото полуфинале беше решено од прекин. Гризман нафрли од корнер, а највисок во скокот беше Самуел Утити кој го постигна веројатно најзначајниот гол во кариерата.
Главно тоа беше очекуван натпревар, тактички со многу задачи, без многу силен ритам. Не се смееше да се погреши во додавањата на својата половина затоа што влогот беше голем, а и ризикот беше намален од евентуален контранапад.
Со комбинација на индивидуални напади со префрлување на играта и со долги топки во простор, беше сето што ни го презентираа двете репрезентации, се до голот на Умтити.
На Белгија и припадна првото полувреме, Азар и Де Брујне подобро ги користеа ситуациите „еден на еден“, како и чудната тактика на Французите да не прават прекршоци, првиот го направи Гризман дури во 35 минута.
Обидите на активните Азар и Чади завршуваа крај голот, а Лорис маестрално го запре ударот на Алдерверелд во 21 минута. Кога се „разбудија“ Гризман и Мбапе, а без сили останаа ударните играчи на „црвените ѓаволи“, Франција ја покажа силата.
Мбапе му припреми убава прилика на Павар, но Куртоа го одбрани ударот.
Само гол можеше да ја смени филозофијата на натпреварот. Откако Умтити го замени Варан, Французите загосподарија на теренот. Од прекин „триколорите“ отидоа во полуфинале против Уругвај, а на сличен начин закорачија и во финале каде, според многумина, се фаворити за светската круна, без оглед дали противник ќе им биде Англија или Хрватска.
Дури четири голови од шестте колку што Франција ги има постигнато во полуфиналните натпревари на Мундијалите ги постигнале штопери. Маријуш Трезор беше стрелец во 1896 година на СП во Мексико, Лилијан Турам два пати беше стрелец во 1998 и сега Самјуел Умтити.
Голманот на Франција Иго Лорис го одигра 103 натпревар во селекцијата и се изедначи на вечната листа со селекторот Дешам.
Ритуал
Репрезентатиците на Франција имаа посебен ритуал на Мундијалот во Русија: пред натпреварите ги допираа мустаќите на Адил Рами. Од почетокот па се до финалето.
На Светското првенство во Франција во 1998 година, амајлија им беше допирањето на ќелавата глава на голманот Фабијан Бартинез, па „триколорите“ дојдоа до титулата. Можеби мустаќите на Рами ќе им се позлатат во Москва.
Франција – Белгија 1:0 (0:0)
Стрелци: Умтити во 51 минута.
Стадион: Крестовски во Санкт Петербург.
Гледачи: 64.287
Судија: Андреас Кунја (Уригвај).
Франција: Лорис, Павар, Варан (Умтити), Ернандез, Канте, Погба, Мбапе, Гризман, Матулди (Толисо) и Жиру (Нзонзи).
Белгија: Куртоа, Алдервеирелд, Компани, Вертоген, Чадли, (Батшуаи), Вицел, Фелаини, (Караско), Дембеле (Мертенс), Де Брујне, Азар, Лукаку.







