Користејќи сателитски снимки пред и по војната, Обединетите нации го документираа оштетувањето или целосното уништување на 207 културни споменици во, разурнатата од војна, Украина.
„Податоците се собираат на специјално креирана онлајн платформа, која првично ќе биде достапна само за експерти, но наскоро ќе биде отворена за јавноста“, изјави вчера во Женева Криста Пикат, од образовната и културната организација на ОН, УНЕСКО.
„Седум споменици од листата на светско наследство на УНЕСКО досега не се оштетени“, посочи таа.
Други објекти, како што е драмскиот театар во Мариопол, ја немаа истата судбина. Стотици цивили таму побараа засолниште веднаш по почетокот на војната во март.
Руски бомби уништија поголем дел од зградата на 16 март.
УНЕСКО ги оценуваше сателитските снимки создадени од 9 март до 12 мај.
Потврдени се штети на 88 верски објекти, 15 музеи, 76 објекти од историско или уметничко значење, 18 споменици и 10 библиотеки.
УНЕСКО притоа соработуваше со Женевскиот сателитски центар на Обединетите нации (UNOSAT).
Кога УНЕСКО ќе добие информации за штетата, УНОСАТ купува сателитски снимки од комерцијални добавувачи направени пред и по уништувањето.
Според УНОСАТ, таквите слики чинат меѓу 250 и повеќе од 1.000 евра, во зависност од тоа како се добиени.
Експертите обработуваат сателитски снимки за да го утврдат точното уништување.







